Утрото по нападот во Москва, воведени посебни мерки за безбедност

Од:

По терористичкиот напад во Москва утрово се воведени посебни мерки за безбедност, а затворен е и Црвениот плоштад во центарот на градот. Во меѓувреме, граѓаните оставаат цвеќе, палат свеќи и се потпишуваат во книга на жалост во спомен на трагично загинатите во терористичкиот напад во концертната сала вчеравечер.

Безбедносните мерки се воведуваат како претпазливост при евентуално повторување на терористички напад во градот.

Метро-станиците работат, но и таму има присуство на безбедносните сили.

Граѓани се собираат и пред руските амбасади ширум светот, каде оставаат цвеќе и пораки со сочувство за загинатите во концертната сала Крокус.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година