Утре Светски ден на мировните мисии на ОН

Од:

Светскиот ден на мировните мисии на ОН ќе биде одбележан утре со повеќе манифестации во седиштето на светската организација на Ист ривер во Њујорк и нејзините канцеларии ширум светот.

Одбележувањето на овој ден е воспоставено пред 11 години, во знак на чест на војниците кои служеле во мировните мисии на ОН, а како ден е избран 29 мај кога првата мисија била упатена во Палестина.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун порача дека мировните мисии на ОН ја прилагодиле својата политика за да подобро се носат со новите предизвици и закани и што подобро да го исполнат својот мандат, со цел создавање одржлив мир во земјите зафатени до војни.

Во овој момент над 80.000 војници, 12.500 полицајци и 17.000 цивилен персонал служат во 15 мировни мисии на ОН на четири континенти.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска