Уставниот суд ги прогласи изборите во Зимбабве за фер и демократски

Од:

Уставниот суд на Зимбабве ги прогласи претседателските избори, кои се одржаа на 31 јули за фер и демократски.

Уште во првиот круг од изборите победи долгогодишниот претседател Роберт Мугабе, а опозицијата и независните набљудувачи упатија критики, нагласувајќи оти имало масовно измами.

– Претседателските избори на 31 јули се спроведени согласно законодавството на Зимбабве. Тие биле фер и демократски, изјави претседателот на Судот.

Осумдесет и девет годишниот Мугабе, кој владее 33 години без прекин, беше реизбран со 61 процент од гласовите, додека неговиот ривал Морган Цвангираи освои 34 отсто.

Движењето за демократски промени, предводено од Цвангираи поднесе жалба до Уставниот суд со барање за поништување на изборите, но подоцна ја повлече, откако од Изборната комисија не доби важни документи, со кои би можел да ја поткрепи жалбата.

 

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска