Успешно опериран Уго Чавес

Од:

Операцијата извршена синоќа во Куба врз венецуелскиот претседател Уго Чавес е завршена. Чавес е преместен на интензивна нега, објави венецуелскиот потпретседател Николас Мадуро.

Операцијата била сложена и траела повеќе од шест часа, но минала успешно, изјави Мадуро.

Пред заминувањето за Куба, со цел да се оперира од рак, Чавес го прогласи Мадуро за свој заменик како шеф на државата. Според аналитичарите, венецуелскиот лидер го смета 50-годишниот вицепремиер и министер за надворешни работи за најсигурен човек во своето опкружување.

Ова е четврта операција на Чавес, поврзана со рак, извршена од јуни минатата година.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски