Уште една жртва во нападот во училиштето во Шведска

Од:

Еден од ранетите во нападот во училиштето во шведскиот град Тролхетан, починал во болница, јави ТАСС, повикувајќи се на полицијата.

Напаѓачот, кој е со повреда од огнено оружје, е во тешка состојба. Дваесет и двегодишниот маж нападна ученици и персонал во средното училиште во градот. Според очевидци, тој бил облечен во црно, носел маска и голема мачета.

Напаѓачот ранил еден учител и четири деца. Учителот починал уште пред да биде одведен во болница.

Во полициското соопштение се вели дека во времето на инцидентот во училиштето имало околу 400 ученици, по што се создала целосна конфузија.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло