Полицијата во Мјанмар во соработка со Интерпол, минатата ноќ пресретнала група трговци со дрога и по кратка престрелка ги совладала криумчарите кои пренесувале 155 килограми чист хероин.
Заедно со оваа дрога, полицајците заплениле околу пет милиони таблети за стимулација и 60 килограми концентриран стимуланс кафеин.
Ова е втора голема акција на полицијата во Мјанмар во последниве две недели. Во првата беа запленети 80 килограми хероин, околу 50 килограми кокаин и три милиони таблети амфетамин.
Мјанмар пдгледува афион на 57.800 хектари и е на второ место во светот по Авганистан во кој афионот се одгледува на два пати поголема површина. Пред две години властите во Јангун донесоа програма според која до 2019 година од Мјанмар треба да исчезне нелегалното одгледување афион.