Уште четири бродови со жито испловија од Украина

Од:

Уште четири брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито од Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени точките на поаѓање или дестинациите на бродовите, се вели дека пратките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.

Турција, ОН, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.

Од првиот брод што исплови според договорот на 1 август, досега најмалку 100 брода пренесоа над 2,5 милиони тони земјоделски производи од Украина, информира Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје