Уште 67 заразени на крузерот „Дајмонд принцес“

Од:

Јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като, денеска соопшти дека уште 67 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, вкотвен во близина на јапонското пристаниште Јокохама, се позитивни на новиот коронавирус.

Со тоа бројот на заразени на бродот, на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 286 лица.

Крузерот е во карантин од 4 февруари, откако беше откриено дека патник, кој слезе од бродот во Хонг Конг, бил заразен со новиот коронавирус.

Претходно, Стејт департментот соопшти дека ќе ги евакуира околу 380 Американци од крузерот „Дајмонд принцес“, откако ќе биде укинат карантинот на 19 февруари.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски