Уругвајски пратеници во Долниот дом на парламентот одобрија денеска закон со кој се легализираат бракови меѓу лица од исти пол.
Законот ќе биде проследен во Сенатото на гласање.
Пратениците го усвоија законот со 81 глас „за“ од вкупно 87 присутни. Еден од авторите на законот Хулио Банго изјави дека „тоа не е хомосексуален закон за геј брак“ туку „мерка за изедначување на институциите брак независно од полот на паровите“.
Во Латинска Америка брак меѓу лица од ист пол е легализиран во Мексико Сити од 2009 година и во Аргентина од 2010 година.