Уругвајскиот парламент синоќа го усвои законот со кој се легализираат истополовите бракови. Со тоа Уругвај е втората јужноамериканска држава, по Аргентина, која ги легализира истополовите бракови.
„За“ законот гласаа 72 од вкупно 92 пратеници во долниот дом на Конгресот, а пред тоа истиот беше одобрен од мнозинството сенатори.
Се очекува законот набрзо да биде потпишан од претседателот Хозе Алберто Мухика Кордано.