Урната статуата на полски свештеник поради обвинение за педофилија

Од:

Полски активисти ја урнаа статуата на свештеникот Хенрик Јанковски, против кого постојат докази за педофилија.

Активистите тврдат дека протестните дејства се поврзани со неможноста на Католичката црква и општеството да го решат проблемот со сексуалната злоупотреба на свештеници над деца.

Статуата е соборена неколку часа пред конференцијата во Ватикан, на која папата Франциско ги собра католичките лидери за да разговараат за проблемот со педофилијата.

На четиридневниот собир во Ватикан присуствуваат 190 католички лидери од сите континенти.

Папата им порача на највисоките католички великодостојници дека нивната одговорност е ефикасно да се соочат со злосторствата на свештениците, кои силуваат и вознемируваат деца.

Тој нагласи дека тие треба да „го слушнат крикот на оние млади луѓе кои сакаат правда” и да ја искористат можноста да го „трансформираат ова зло во шанса за разбирање и прочистување“.

Конференцијата во Ватикан е организирана како одговор на новиот бран педофилски скандали со католички свештеници во САД, Чиле и на други места.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад