Урибе негира дека подготвувал заговор за убиство на Мадуро

Од:

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе отфрли обвиненија на венецуелскиот претседател Никоалс Мадуро дека подготвувал заговор за негово убиство.

Урибе, во изјава прочитана од негов адвокат вели дека обвиненијата на Мадуро се дел од план за замолчување на критиките и оттргнување на фокусот на Венецуелците од други проблеми.

– Тие изјави докажуваат дека тоа е еден очаен човек, кој ја има власта нелегитимно и сега се обидува да го оттргне вниманието од корупцијата и незаконските дејствија што се извршуваат со неговата диктатура, наведува во писмената реакција.

Урибе го повика колумбискиот главен обвинител да почне истрага против Мадуро за „неоговорни клевети и закани“ во случај венецуелскиот претседател да ја посети некогаш Колумбија.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски