Уредници на Википедија уценувале за објавување прилози во енциклопедијата

Од:

Уредници на Википедија, уценувале и земале пари, за да се објават и за да се задражат на страницата, определени прилози во оваа интернет енциклопедија-открива лондонски „Индепендент“.

Весникот се повикува на неименуван извор во Википдеија, според кој, жртви на ваквото нечесно и криминално однесување на некои луѓе од енциклопедијата, најчесто биле мали бизниси ширум Британија и помалку познати личности од светот на забавата, или на јавниот живот.

Станува збор за фотографи за свадби, изработувачи на опрема за домашни базени, изработувачи на детали за мебел во домаќинставата, за златари и производители на сите накит, но и за новинари и колумнисти на озборувачки рубрики во неделници за жени, како популарните весници „Грација„ и „Козмо„ учеснци во популарното британско телевизиско натпреварување-Британија има таленти- но и за странски фирми од Ирска и Кипар.

Истрагата што ја покренала Википедија, досега регистрира 381 изнудени и наплатени прилози кои сега се блокирани од редакцијата.Потврдено е дека уредниците барале пари, најчесто по неколку стотици фунти, за менување и дополнување на текстовите за фирми и за поединци.

Некои од уредниците, прво ќе го тргнел прилогот од страниците на Википедија, со објаснување дека одредниците би можеле да се толкуваат како реклама.Но веднаш по уплатата на бараните пари, прилогот најчесто неизменет се враќал во енциклопедијата.

Жртвите за уценување, нечесните уредници ги наоѓале меѓу оние кои настојувале некако да се најдат во Википедија, што им значело како успех за бизнисот и за лична промоција.

Не се соопштени имињата на ваквите уредници, а засега не се знае колкумина учествувале во ова криминално однесување.

Лондонскиот весник зебележува дека скандалот во Википдеија ќе му наштети на угледот на оваа интернет енциклопедија.Од 2001 година, на Википедија има прилози за повеќе од пет милиони Британци,а редакцијата на енциклопедијата користи тим од 250 илјади луѓе за да се заштити автенитичноста на содржината.

Би можело да ве интересира

Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

А1он

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

Ана Ололовска

Википедија ќе добие нов дизајн

Ана Ололовска

Турскиот Уставен суд одлучи во корист на Википедија

Татјана Ташкова

Македонско-бугарска интернет војна на „Википедија“ за Гоце, Даме и Сандански

Мери Јордановска

Основачот на Википедија повикува на бојкот на социјалните мрежи

Ана Ололовска