Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

Од:

Московскиот суд ја казни Викимедија со 5 милиони рубли (88.000 американски долари) затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.

Викимедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската инвазија на Украина.

– Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува Скај њуз.

Википедија, најстариот и најголем проект на Викимедија, е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов