Основачот на Википедија повикува на бојкот на социјалните мрежи

Од:

Во обид да се врати контролата на личните податоци, основачот на Википедија, д-р Лери Сенгер повика на дводневен бојкот на социјалните мрежи, што би значело дека луѓето нема да објавуваат ништо, освен најави за штрајк.

– Ќе кренеме голема врева! Групно ќе ги растегнеме мускулите и ќе побараме од тие огромни манипулативни корпорации да ни ја вратат контролата над нашите лични податоци и приватноста, објави Сенгер на својот блог.

Многумина се сомневаат во влијанието и ефективноста на таквиот потег.

Учесниците во штрајкот, исто така, се повикуваат и да ја потпишат т.н. „Декларација за дигитална независност“, подготвена од д-р Сенгер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради „ширење дезинформации“

А1он