Ураганот Ирма ја уништи зградата на француската Влада на Карибите

Од:

Ураганот Ирма предизвика голема штета и поплави на Карипските Острови, а францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом денеска изјави дека на островот Свети Мартин уништена е зградата на француската Влада.

– Уништени се четирите најцврсти згради на островот Свети Мартин, што значи дека најверојатно настрадале и други послеби објекти, посочи Колом.

На островот во прекин е снабдувањето со електирчна енергија, додека на Свети Бартоломеј, каде живеат околу 9.000 луѓе, ураганот ги попречува комуникациите.

Во францускиот дел на Свети Мартин живеат околу 40.000 луѓе, колку и на холандската страна од островот.

Ураганот Ирма прерасна во петта категорија, а брзината на ветерот достигна брзина до 300 километри на час. Тоа е најсилен ураган во последните десет години што го погоди Свети Мартин.

Поради ураганот прогласена е вонредна состојба во Флорида, во Порторико и на Девствените Острови, додека властите на Бахами соопштија дека најверојатно ќе ги евакуираат жителите од шесте јужни острови.

Би можело да ве интересира

Обезбедувањето на болницата на карипскиот остров Мартиник нападнато со киселина

А1он

Само вакцинираните против коронавирус се евакуираат пред ерупција на вулкан на Карибите

Жарко Настоски

Пандемијата е причина за 34 милиони нови невработени во Јужна Америка и на Карибите

Ана Ололовска

ВИДЕО: По силниот земјотрес на Карибите, нема посериозни оштетувања, ниту повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Луксузна јахта удри во пристаниште на карипски остров