ВИДЕО: По силниот земјотрес на Карибите, нема посериозни оштетувања, ниту повредени

Од:

Силен земјотрес со јачина од 7,7, степени според Рихеровата скала што синоќа беше регистриран во Карипско море, меѓу Јамајка и Куба, се почуствувал во поширокото подрачје од Мексико до Флорида, но не предизвикал поголеми оштетувања, ни жртви.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на 140 километри од Јамајка и исто толку од Куба.

Првиочно беше издадено предупредување за опасност од цунами за Куба, Јамајка , како и за Кајманските острови, Белизе, Хондурас и Мексико, но опасноста во меѓувреме минала.

Директорт на кубанскиот Сеизмолошки завод Енрике Аранго Аријес кажал дека на Куба немало посериозни оштетувања, ниту повредени.

По првиот земјотрес следеле серија помали потреси.

Би можело да ве интересира

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски

Куба моли за американска помош, целата земја остана без струја

Ана Ололовска