Само вакцинираните против коронавирус се евакуираат пред ерупција на вулкан на Карибите

Од:

Властите во карипската држава Свети Винсент и Гренадини договориле евакуација на жителите поради ерупција на вулкан, но на соседните острови ќе можат да бидат евакуирани само луѓето кои се вакцинирани против коронавирусот.

Вулканот Ла Суфриер се разбуди во петокот, кога почна да исфрла чад, пепел и лава, што ги натера властите да договорат евакуација со бродови за крстосување кои биле во регионот. Но, како што кажа премиерот Ралф Гонсалвес, на бродовите ќе нема место за луѓето што не примиле вакцина против Ковид-19.

Оние кои сакаат да се качат на бродовите за евакуација ќе мораат да бидат вакцинирани, рече во саботата Гонсалвес.

Дел од 16.000 луѓе кои треба да ги напуштат зоните во кои има најголема опасност од ерупцијата, треба да одат во соседните островски држави Света Луција, Гренада, Барбадос и Антигва.

Но, како што објасни премиерот, тие држави бараат задолжителна вакцина за да пуштат некого на своја територија.

„Ако луѓето се нафаќаат да ве примат во време на Ковид-19, тие ќе сакаат да имате највисоко можно ниво на заштита,“ изјави Гонсалвес.

„Мораме да се справуваме со ова во време на пандемија. Досега добро ја менаџиравме ситуацијата. Имаме само десет смртни случаи од Ковид-19,“ рече тој.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавата „проголта“ куќи во Гриндавик, градот е блокиран

Горан Наумовски