ВИДЕО: Луксузна јахта удри во пристаниште на карипски остров

Од:

Јахта долга 86 метри е сериозно оштетена откако удри во пристаниште на карипскиот остров Сен Мартен.

Јахтата, која некогаш му припаѓала на рускиот милијардер Роман Абрамович снимена е како удира во пристаништен мост, на патот кон лагуната Симсон беј и уништува една од неговите контролни кабини.

Се претпоставува дека силниот ветер предизвикал капетанот на бродот да изгуби контрола.

Британски медиуми посочуваат дека јахтата вредна 57 милиони фунти, во 2009 година Абрамович ја продал на принцот престолонаследник од Абу Даби Мохамед бин Зајед ел Најен, а тој ја продал на пакистанскиот могул Алшаир Флаз во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре јахта на познат покер играч, патниците едвај се спасиле

ВИДЕО: Потона јахта долга 40 метри во близина на Италија

А1он

ВИДЕО: На брегот на Ибица изгоре јахта вредна 23 милиони евра, повредени нема

А1он

Јахта на руски олигарх вредна 300 милиони долари отуѓена по барање на САД

А1он

Германија ја заплени најголемата суперјахта во светот

А1он

Обезбедувањето на болницата на карипскиот остров Мартиник нападнато со киселина

А1он