Јахта на руски олигарх вредна 300 милиони долари отуѓена по барање на САД

Од:

Властите на островската тихоокеанска земја Фиџи по барање на САД ја задржале јахтата на рускиот олигарх Сулејман Керимов вредна 300 милиони долари, соопшти денеска Министерството за правда на САД.

Со ова, Вашингтон и сојузниците го зголемуват притисокот врз Русија за тоа што Москва изврши воен напад на Украина.

Пловилото Амадеа допловило на Фиџи минатиот месец по 18-дневна пловидба по Тихи Океан од Мексико и било задржано од полицијата. Суд на Фиџи во вторникот донел решение дека САД имаат право да ја конфискуваат суперјахтата на рускиот олигарх.

Досега властите на повеќе земји отуѓија многу јахти и вили во сопственост на руски милијардери, како одговор на инвазијата на Русија во Украина.

Керимов е под санкции на САД уште од 2014 и 2018 година, како одговор на дејствата на Русија во Сирија и Украина. Тој е под санкции и од ЕУ.

Новосоздадениот оддел при Министерството, наречен KleptoCapture, работи на конфискација на јахти и други слични луксузни предмети со цел да нанесе удар на финансиите на руските олигарси кои премолчено се согласија со дејствата на претседателот на Русија Владимир Путин, а тоа е притисок и врз него, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според одделот за контрола на странски активи при Министерството за финасии, Керимов е во групата олигарси кои имаат огромни бенефиции од соработката со Путин, а поради корупција и учество во такви акции на Владата на Русија, како окупацијата на Крим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија