УНИЦЕФ: Во Романија има напредок по однос на ромската интеграција

Од:

Претставникот на УНИЦЕФ за Романија, Санди Бланше изјави дека во државата е регистриран извесен напредок по однос на интеграцијата на Ромите, но постои стравување на меѓународен план дека не е доволно направено.

– Ромите и понатаму се најсиромашните и најисклучените. Осум отсто од романските деца живеат во сиромаштија, но во истата ситуација се 35 отсто од ромските деца. Седумдесет и пет отсто од децата Роми не доѓаат до осмо одделение, нагласи Бланше за време на конференција во Букурешт посветена на Ромите организирана од ЕК и УНИЦЕФ.

Советникот на премиерот за ромски прашања, Дамиан Драгич изјави дека стратегијата за Ромите е само на хартија и оти европските пари се крадат додека Ромите немаат што да јадат.

– Имаме конференции, анализи. Се среќаваме на конференции кои чинат до 50 илјади евра, а Ромите немаат што да јадат, децата не им одат на училиште, нагласи советникот на премиерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија