УНИЦЕФ: Во 2012 година во светот починале 6,6 милиони деца

Од:

Смртноста кај децата во светот е преполовена од 1990 година, но сепак бројот на починати деца останува висок. Во 2012 година починале 6.6 милиони деца, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Речиси половина од починатите деца се од пет држави Нигерија, Конго, Индија, Пакистан и Кина, се наведува извештајот на Фондот за деца при Обединетите нации.

– Напредок може и мора да биде остварен, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк.

Децата најмногу умираат од маларија, воспаление на белите дробови и дијареја, поради што дневно умираат околу 6.000 деца, а за високиот степен на смртност кај децата голема улога има и недостигот на храна.

Според Лејк постои напредок од 1990 година, но сепак има уште многу што треба да се направи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

А1он