УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Од:

На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ.

Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот.

– Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера се помлади од 15 години и се борат за да преживеат, со оглед на сè поголемата неухранетост, изјави претставникот на организацијата Храна за гладни на Хаити, Боби Сендерс.

Директорот на канцеларијата за итни операции на УНИЦЕФ, Мануел Фонтен посочи дека сите мора да бидат подготвени за најлошо сценарио.

Според податоците од Министерството за здравство на Хаити, од почетокот на октомври, од колера починале повеќе од 200 лица, а уште 9.300 се хоспитализирани. Но, експерти веруваат дека бројот е многу поголем, затоа што луѓето се плашат да побараат помош од лекари.

УНИЦЕФ и Владата на Хаити бараат најмалку 28 милиони долари за помош во исхраната, хидратацијата и грижата за 1,4 милиони луѓе погодени од кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства