УНИЦЕФ: Милиони девојки во светот се соочуваат со генитално осакатување

Од:

Повеќе од 125 милиони жени и девојки во светот се изложени на генитално сакатење – обрежување, а во следните десет години таква опасност им се заканува на 30 милиони девојки, соопшти денеска Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).

Иако таквата пракса глобално бележи пад, тоа е присутно во африканските и блискоисточните држави. Операцијата се состои во комплетно или делумно отстранување на надворешните гениталии.

– Иако речиси еден век се работи да престане таквата пракса, иако се смета и за кршење на човековите права, таа упорно опстанува, а како главна причина се наведува општествената прифатеност на обрежаните жени, изјави претставничката на УНИЦЕФ, Клаудија Капа.

Таа наведе дека поради ставот на општеството мајките прифаќаат ќерките да им бидат осакатени иако и самите оценуваат дека обрежувањето на жените треба да се укине.

Приврзаниците на обрежувањето сметаат дека со тоа девојката има поголеми шанси да се омажи и оти жената со тоа станува поубава.

Во Сомалија се обрежани 98 проценти од жените меѓу 15 и 49 години, потоа следи Гвинеја со 96, Џибути со 93 и Египет со 91 отсто.

Во Кенија и во Танзанија обрежувањето на жените се помалку се применува, а речиси двојно е намалено во Бенин, во Централноафриканскта Република, во Ирак, во Либерија и во Нигерија. Но, состојбата не е смената во Чад, во Гамбија, во Мали, во Сенегал, во Судан и во Јемен.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Дури 35.000 албански граѓани дополнително ќе ги погоди сиромаштијата, меѓу нив и 9.000 деца

А1он