УНИЦЕФ: 46% од девојките во Јужна Азија се мажат под 18-годишна возраст

Од:

Најновиот извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) покажува дека 46 проценти од девојките во Јужна Азија се мажат пред да наполнат 18 години.

Според податоци на УНИЦЕФ, над два милиони деца во Јужна Азија умираат пред петгодишна возраст од причини кои можат да бидат спречени, а околу 38 отсто од децата во регионот страдаат од хроничен глад.

Извештајот на УНИЦЕФ покажува дека децата во Јужна Азја продолжуваат да страдаат поради големата нееднаквост, а регонот е едно од најризичните места за забременување или за раѓање, наоѓајќи се на втора позиција по бројот на смртни случаи меѓу мајките на глобално ниво.

Според податоците на УНИЦЕФ, Африка е на прво место по бројот на смртност на мајките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство