УНХЦР: За еден ден повеќе од 11.000 Рохинџи пребегаа во Бангладеш

Од:

Повеќе од 11.000 Рохинџи во текот на вчерашниот ден избегаа од Мјанмар во Бангладеш, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

– Повторно сме во ситуација на целосна тревога, бидејќи заминувањето на луѓето е загрижувачко. Тоа е голема бројка – 11.000, изјави портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс.

Тој додаде дека УНХЦР соработува со властите во Бангладеш за организирање транзитен центар поради можен прилив на луѓе наредните денови.

Обединетите нации кон крајот на минатата недела предупредија дека продолжува егзодусот на Рохинџите од Мјанмар во Бангладеш, шест недели од почетокот.

Повеќе од 515.000 Рохинџи досега стигнаа во Бангладеш од мјанмарската област Ракхин, од почетокот на воените операции на мјанмарските безбедносни сили.

Воената офанзивата на Мјанмар според ОН е етничко чистење, додека Јангун тврди мјанмарската војска се бори против „терористи кои убиваат цивили и палат села“.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска