ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Од:

Најмалку девет лица загинаа откако циклон Ситранг го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите во оваа азиска држава, пренесе ДПА.

Циклонот, што во текот на ноќта се претвори во депресија, исече и искорна дрвја и столбови за електрична енергија, а водата ги преплави пониските области околу брегот.

Камрун Нахар, службеник во контролната соба на Одделот за управување со катастрофи, изјави дека досега се пријавени девет смртни случаи поврзани со циклонот.

-Сè уште ја проценуваме штетата, рече таа за ДПА.

Тројца членови на едно семејство, вклучително и четиригодишно дете, загинаа кога дрво паднало врз нивната куќа, во Нанголкот, во областа Кумила, на повеќе од 100 километри југоисточно од главниот град Дака, изјави претставник на локалната власт Рајхан Мехбуб.

-Две лица загинаа кога врз нив паднале дрвја во крајбрежната област Бола, изјави Тухидул Ислам, официјален претставник на регионалната администрација, пренесе ДПА.

Тој кажа и дека бурата во одредни региони на островот опустошила огромни полиња со земјоделски култури, а откорнати се и многу дрвја и електричен столбови.

Друга жена починала откако гранка од дрво паднала врз неа во југозападниот кварт Нараил. Во меѓувреме, еден маж загинал во Дака кога врз него се урнал ѕид од тули, додека две лица загинале откако нивниот мал брод се превртел во реката Џамуна, во северозападниот округ Сирајган, соопштија официјални лица.

Повеќе од 300.000 жители на крајбрежјето беа евакуирани од владата пред налетот на циклонот, додава германската агенција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска

Најмалку 23 загинати во бродска несреќа во Бангладеш

Ана Ололовска