ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

Од:

Автобус кој се движел со голема брзина во центарот на Бангладеш излетал од автопат и паднал во канал, при што загинале најмалку 19 луѓе, а десетици се повредени, соопшти полицијата.

Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи некои од повредените патници се во критична состојба, изјави Ановар Хосаин, полициски службеник во Шибчар, каде што се случи несреќата. Овој град е оддалечен 80 километри од главниот град Дака. Автобусот, кој превезувал повеќе од 40 патници, паднал во канал длабок 9 метри покрај патот откако ја пробил заштитната ограда на новоизградениот мост на реката Падма, рече Хосеин.

Возачот, кој загина во несреќата, се чини дека изгубил контрола над возилото откако му пукнала гумата, рече тој, додавајќи дека причината за несреќата се истражува.

Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш. Несовесното возење, старите возила и лошите безбедносни правила обично се причина, а илјадници луѓе годишно умираат. Во 2018 година, серија масовни студентски протести, предизвикани од смртта на двајца тинејџери, ја принудија владата на премиерот Шеик Хасина да одобри зголемување на максималната затворска казна од три на пет години за предизвикување смрт со несовесно возење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска

Најмалку 23 загинати во бродска несреќа во Бангладеш

Ана Ололовска

11 лица за два дена загинаа од удари на гром во Бангладеш

Петнаесет деца се удавија во поплави во Бангладеш

А1он

Поплави во Индија и во Бангладеш однесоа 18 животи

Ана Ололовска