УНХЦР: Во Сирија загинале над 60.000 луѓе

Од:

Повеќе од 60.000 луѓе загинаа во Сирија за 22 месеци, од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права (УНХРЦ).

УНХРЦ за подготвување на извештајот користел седум различни извори, вклучително и официјалните податоци на сириските власти. Списокот на загинати содржи имиња на 59.648 луѓе кои биле убиени од 15 март 2011 до 30 ноември 2012 година. Во списокот покрај имињата и презимињата на жртвите наведено е и местото на нивното загинување.

– До почетокот на 2013 година во Сирија загинале над 60.000 луѓе, изјави високиот комесар на ОН Нави Пилај.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски