УНХЦР: Во бродолом загинаа најверојатно 300 имигранти

Од:

Се проценува дека 300 луѓе загинале во обид со три гумени чамци да дојдат од Либија во Италија, соопшти агенцијата на ОН за бегалци.

По разговори со преживеани од тој бродолом таа агенција соопшти дека исчезнале околу 300 луѓе, по стотина од секој чамец што потонал. Преживеаните се наоѓале на два од три чамци, а со нив разговарале од УНХЦР на италијанскиот остров Лампедуза, наведе портпарол на УНХЦР.

Од Либија кон Европа во крајот на минатиот месец испловиле четири чамци, три за кои денеска се дознало дека имале бродолом и уште еден кој вчера италијанската крајбрежна стража спасила 105 луѓе. Поради екстремно ниските температури 28 имигранти ги загубиле животите во временски период од 18 часа колку на крајбрежната стража и било потребно да ги префрли до италијанскиот брег.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години