УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Од:

Сто милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во 2022 година, што е за 10 милиони повеќе од минатата година, објави денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) на својата веб-страница.

УНХЦР наведува дека избувнувањето насилство или долготрајните конфликти биле клучни фактори за миграцијата во многу делови од светот, вклучувајќи ги Украина, Етиопија, Буркина Фасо, Сирија и Мјанмар.

Како што додаваат, илјадници очајни мигранти кои се упатиле кон Европа ги ставиле своите животи во рацете на трговците со луѓе и се движеле на опасни патувања низ Медитеранот, кои премногу често завршуваа со трагедија.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо