УНХЦР: Неизвесна е состојбата на 20.000 бегалци поради забраната на Трамп

Од:

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди истакна дека во текот на 120 денови, за колку американскиот претседател Доналд Трамп го суспендираше спроведувањето на Програмата на САД за прием на бегалци, околу 20.000 лица ќе бидат во неизвесност за влез во САД.

Од канцеларијата на Гранди е соопштено дека тој е „длабоко загрижен за неизвесноста“ со која се соочуваат илјадници бегалци кои во моментов се во постапка за преселба во САД.

УНХЦР наведе дека само во текот на оваа недела било планирано 800 бегалци да пристигнат во САД.

Агенцијата наведе дека бројката од 20.000 бегалци дошла со анализа на просечните месечни податоци од последните 15 години.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“