Бројот баратели на азил во минатата година бил на највисоко ниво во изминатата деценија, соопшти УНХЦР. Речиси половина милион молби за азил во 2012 година биле поднесени во 44 индустријализирани држави.
Нивниот број – 479.300 е за осум отсто повисок во споредба со претходната 2011 година.
Тие цифри задржуваат тенденција на зголемување на кандидатите за азил секоја година од 2006 година. Бројот на молби е највисок од 2003 година, но сепак помал во споредба со 90-те години на 20 век кога беа војните во поранешна Југославија, Авганистан и во реонот на Големите езера во Африка.
Рекордот бил во 1992 година кога азил побарале над 800 илјади луѓе.
Најмногу барања за азил лани поднеле луѓе од Авганистан – 36.600. Следуваат Срби – 24.300 молби и Кинези – 24.100 барања.
Барањата од граѓани на Русија се зголемиле за цели 26 отсто – 21.900. Релиси три четвртини од барањата се за држави од Европа. САД имаат добиено најмногу барања за азил – 83.400, следуваат Германија – 64.500 молби и Франција 54.900 барања.