ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија денеска постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира поделба на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.

Тие се договорија членките да им пружат помош на земјите каде што пристигнуваат најголемиот дел од мигрантите, пренесува Ројтерс.

Како дел од новиот договор, членките на ЕУ го прифатија „задолжителниот солидарен систем“ во чии рамки имаат три опции за управување со миграцијата.

Министрите усвоија заеднички став за Регулативата за управување со азил и миграција и Регулативата за процедури за азил, клучен дел од Пактот за миграција и азил, за кој земјите-членки неуспешно преговараат со години.

Откако ќе се изгласа заедничкиот заклучок на земјите-членки, следуваат преговори со Европскиот парламент, а целта е до изборите за Европскиот парламент во јуни следната година да биде усвоен целиот пакет законски предлози за миграција и азил.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он