Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

Од:

Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил.

Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times“. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто.

Барањата за азил се во благ пораст од септември.

Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил има од Сирија, како и претходните години. Повеќе од една третина од барателите на азил се Сиријци, потоа Авганистанци, Турци и жители на Јемен.

Се зголемува и бројот на барања за обединување на семејството. Минатата година такви барања поднеле 10.930 лица, главно Сиријци и Турци.

Поради војната во Украина нагло е зголемен и бројот на бегалци од Украина. Минатата година, 1.060 лица од Украина поднеле барање за азил во Холандија, наспроти 70 година пред тоа и 40 баратели во 2020 година. Повеќето Украинци не мора да бараат азил во Холандија, тие можат да останат во земјата врз основа на европските регулативи.

Во исто време, минатата година 590 Руси побарале азил во Холандија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски