Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) најави дека ќе побара дополнителни средства за помош на Турција во справувањето со проблемот со бегалците.
– Ќе направиме се што е во наша моќ за да и помогнеме на турската Влада да најде дополнителни ресурси за луѓето што живеат во Турција под времена заштита, изјави во Истанбул првиот човек на УНХЦР, Филипо Гранди.
Тој најави и дека УНХЦР ќе се залага за изнаоѓање можности за прместување на бегалците кои сега се наоѓаат на територијата на Турција.
Гранди, кој денеска престојува во Истанбул, вчера посети неколку бегалски кампови во југоисточниот дел на Турција, каде се сместени бегалци од Сирија.
Гранди ја поздрави одлуката на Турција да им издава работни визи на сириските бегалци, оценувајќи дека е тоа претставуван „многу поттикнувачки и важен гест“.
– Работните визи ќе им помогнат на луѓето да си го подобрат животот, незавионо од тоа дали ќе останат (во Турциај) долго или кусо време, потенцира Гранди.
Според него, на овој начин бегалците ќе можат да си обезбедат средства за живот, бидејќи во спроитвно би зависеле од помошта од хуманитарните организиаци или би морале да питачат.