Унгарската полиција спречи влез на повеќе од 600 мигранти

Од:

Од петокот до вчера, унгарската полиција приведе или затекнаа 613 мигранти во обид илегално да ја преминат српско-унгарската граница, соопшти денеска унгарската полиција.

Минатиот викенд, полициските и воените патроли затекнаа 240 лица на територијата кои не можеа да го докажат својот законски престој во Унгарија.

Според унгарскиот закон, сите илегалци биле придружувани до оградата на унгарско-српската граница.

Во изминатите три дена, полицијата и војниците спречија 373 мигранти илегално да ја преминат унгарската територија, да прескокнат или да ја пробијат оградата на границата, а против 11 лица поднесени се кривични пријави поради криумчарење луѓе, соопшти унгарската полиција.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти