Унгарија „заробена“ од смрзнат дожд, а 40.000 домаќинства останаа без струја

Од:

Околу 40.000 домаќинства во околината на Будимпешта денеска останаа без електрична енергија, откако регионот беше заплиснат од смрзнат дожд, а паднати дрвја ги прекинаа електроводовите, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на унгарската агенција за реакција при несреќи.

Тешки гранки и цели дрвја паднаа откако беа покриени со мраз со дебелина од 10 сантиметри. Со мраз се зафатени цели шуми на височина над 400 метри, изјавија доброволци.

Шумските служби затворија огромни територии на места со надморска височина над 400 метри за да не се дозволи влегување на луѓе. Нема податоци за настрадани или загинати.

Градоначалникот на Будимпешта ги замоли семејствата да не ги испраќаат
своите деца на училиште, затоа што не е безбедно да одат под дрвјата, чии гранки може да се покриени од тони мраз.

И во јавниот транспорт има застои, а неколку километри од еден од обиколните патишта на престолнината беа затворени поради закана од паѓање на високоволтен електровод.

Унгарскиот енергетски оператор МАВИР соошти дека има проблеми со неколку електроводи со голем капацитет, затоа што е можно нивните конструкции да паднат. Ремонтните активности може да потраат со месеци, но електродострибуцијата нема да биде засегната, изјави компанијата.

Би можело да ве интересира

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски