Унгарија воведе суперданок на рекламите на странските медиуми

Од:

Покрај повеќето специјални даноци што ги воведе во 2010 година, унгарскиот Парламент денеска усвои нова серија даноци што се однесуваат на странските компании во земјата, но и на сите видови продукти за секојдневниот живот.

Парламентарците ги изгласаа новиот данок на сапун и ги проширија одредбите од данокот на чипс, додека воведе и суперданок на приходите од реклами на медиумите, што се доживеа како напад врз приватниот канал РТЛ Клуб. Стапката на данок кај рекламите во меидумите се зголеми од 40 на 50 отсто.

Само еден ден по најновиот протест против Владата на Орбан во Будимпешта, новиот фискален пакет е усвоен со 128 гласа „за“ наспроти 30 „против“. Во унгарскиот Парламент доминантна е конзервативната партија Фидес, на популистичкиот премиер Виктор Орбан.

Против беа застапниците на партиите на крајната десница Јоббик и еколозите од ЛМП. Опозицијата не учествуваше во гласањето.

Групата РТЛ, филијала на германскиот медиумски џин „Бертелсман“, единствената во Унгарија на која се однесува супер-данокот на медиуми, минатиот месец поднесе жалба до Европската  комисија, оценувајќи дека овој данок е дискриминаторски и му се заканува на медиумскиот плурализам.

Би можело да ве интересира

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски