Украинските сили добија наредба: Од полноќ се прекинуваат борбените дејства

Од:

Единици на украинските одбранбени сили добиле наредба да воспостават привремен „режим на тишина“ долж линијата на фронтот, почнувајќи од полноќ на 5 септември до 23:59 часот на 8 септември.

Како што пренесува „Јунајтед 24 медија“, наредбата ја потврдиле извори од неколку воени бригади кои дејствуваат на различни делови од фронтот, како и висок функционер од безбедносниот сектор.

Според тие извори, на единиците им било наложено строго да се придржуваат до режимот на тишина во текот на целиот наведениот период. Украинските медиуми наведуваат дека официјален договор за прекин на огнот со Русија сè уште не е јавно објавен.

Наредбата е издадена во момент кога се интензивираат дипломатските напори за изнаоѓање решение за конфликтот.

Специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, според најавите, треба во недела, 6 септември, за првпат да го посетат Киев, што го потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува американските пратеници да се сретнат со Зеленски и да разговараат за војната во Украина.

Посетата на Киев следува по извештаите дека Виткоф и Кушнер прво ќе отпатуваат во Москва, каде што се очекува да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Виткоф и Кушнер во Москва и Киев ќе однесат предлог за мирно решавање на конфликтот.

Трамп, исто така, рече дека директните контакти со рускиот претседател му даваат уверување дека Путин нема намера да ја нападне територијата на НАТО.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

Русија лежи на богатство: Откриено колку вреди она што е закопано под арктичкиот мраз

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

А1он

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ