Украинските сепаратисти тврдат дека нема да се одржат мировните преговори

Од:

Претставници на украинските сепаратисти тврдат дека мировните преговори предвидени за денеска во Минск се одложени и го обвинија Киев дека бега од дијалог.

Пред да ја напушти белоруската престолнина, преговарачот на самопрогласената Доњецка република Денис Пушилин изјави дека доколку бидат обновени судирите со украинските сили, бунтовниците се подготвени да ја продолжат офанзивата и да ја преземат контролата над Доњецката и Луганската област.

– Киев не е подготвен да преговара затоа што не е во состојба да ги контролира своите единици и да ги натера да престанат да стрелаат кон станбени квартови, рече Пушилин, цитиран од ДПА.

Во Киев, заменик министерката за надворешни работи Елена Зеркел изјави дека засега има само првичен договор дека денеска или утре во Минск ќе се одржи средба на Контакт групата за Украина.

Руски медиуми пишуваат дека средбата најверојатно ќе се одржи утре.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје