Украинскиот Парламент побара од МКС да ја вклучи Украина во негова јурисдикција

Од:

Украинскиот Парламент усвои денеска писмено обраќање до Меѓународниот кривичен суд, со кое бара од него да ја вклучи Украина во својата јурисдикација за спроведување истраги за криминал против човештвото и воените злосторства, јави ТАСС.

Резолуцијата беше одобрена со 271 глас „за“ од 450-члената Врховна рада.

Во текстот со појаснување, приложен кон барањето се посочува дека согласно членот 12.3 на Римскиот статут на МКС „одредена држава може да ја признае јурисдикацијата на Трибуналот во однос на конкретно злосторство со примена на принципот на ретроактивно дејство, без да го ратифицира неговиот статут“.

Според ТАСС барањето се однесува на дела против човештвото за време на протестите на Плоштадот на независноста (Мајдан) и за воени злосторства во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје