Украинскиот Парламент ги ратификува спогодбите со Литванија и Полска за формирање мировна бригада

Од:

Украинскиот Парламент денеска ја ратификува меѓувладината спогодба  со Литванија и Полска за формирање заедничка  мировна бригада.

Одлуката беше поддржана од 290 пратеници на украинската Рада во услови за неа беа потребни 226 гласа, пренесе ТАСС.

Спогодбата за заедничка бригада беше потпишана во Варшава во септември 2014 година од министрите за одбрана на трите земји.

Според полскиот претседател Бронислав Коморовски, формирањето на новата единица е дел од „договорите меѓу земјите од НАТО за модернизирање на украинската армија“.

– Бригадата ќе биде елемент на системот од мировни контингенти и начин за размена на искуство, знаења и умеења не само меѓу трите земји учеснички, туку и со вооружените сили од цел свет, додаде тој.

Мултинационалната единица ќе ја раководи штаб, што ќе биде сместен во Лублин, во источна Полска.

Клучна задача на бригадата ќе биде учество во меѓународни операции за поддршка на мирот под агенда на НАТО, ЕУ и ОН, како и развојот на воената соработка.

Бригадата е отворена за приклучувањето и на други држави, посочува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје