Украинска порно ѕвезда неуспеа да добие азил во Чешка

Од:

Поранешната украинска порно ѕвезда, Анастасија Хагенова, која од 2010 година живее во Прага и која има три деца, и пред највисокиот чешки суд не успеа во намерата да добие азил во Чешка, јави дописникот на МИА.

Хагенова, која веќе неколку години не се занимава со професијата порно актерка, претходно изјави дека се плаши да се врати во својата татковина заради безбедноста на нејзините деца.

Во Украина и се заканува казна затвор поради наводно ширење на порнографија и можат да и бидат одземени децата, заради несоодветно воспитување.

Хагенова, која во Чешка живее со својот сопруг, објаснува дека прво се занимавала со манекенство и дека во порно индустријата влегла од егзистенцијални причини за да ги издржува двете деца кои тогаш ги имала.

Дополнувањето на Законот против изработка и ширење порнографија, кое во 2009 година беше направено со воведување построги норми, предизвика негодување и протести во Украина.

Оние кои го критикуваа, обвинуваа дека дефиницијата на порнографијата е нејасна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина