Украина соопшти дека уништила позиции на руските сили во близина на нуклeарката „Запорожје“

Од:

Украинската армија денеска соопшти дека уништила позиции на руските сили во градот Енергодар, што се наоѓа во близина на нуклеарната централа „Запорожје“.

Информациите од украинските оружени сили доаѓаат ден откако делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија почна со проверките на нуклеарниот комплекс.

„Во регионите на Херсон и Енергодар, нашите сили извршија прецизни напади, уништувајќи три непријателски артилериски системи, како и складиште за муниција“, се посочува во соопштението на украинската армија.

Украинската компанија што стопанисува со нуклеарните капацитети за производство на електрична енергија „Енергоатом“ денеска соопшти дека вториот реактор на нуклеарната централа „Запорожје“ повторно е во функција.

„Денеска, 2 септември 2022 година, енергетската единица број 5 на нуклеарната централа Запорожје што престана да работи вчераутро поради гранатирање од страна на руските окупаторски трупи, сега е поврзана на електричната мрежа“, стои во објавата на „Енергоатом“ лиферувана преку Телеграм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород