Украина: Русија призна дека ѝ требаат пет милиони војници за да ја добијат војната

Од:

Украина тврди дека Русија подготвува нови мобилизации преку кои би можеле да регрутираат милиони војници. Делумната мобилизација што ја најави Путин во септември официјално заврши на 31 октомври, но фактот дека указот за воен рок сè уште не е отповикан ги поттикна гласините во Русија дека сите опции се држат отворени.

Олексиј Громов, претставник на Генералштабот на вооружените сили на Украина, на брифинг изјави дека руското политичко раководство издало документ насловен „Заклучоци од војната со НАТО во Украина“. Громов рече дека во документот се наведени сите проблеми на руската армија, од недостатоци во командниот синџир, недостаток на дисциплина и застарено оружје.

Русија ја демантира новата мобилизација

„Во документот, исто така, се наведува дека таква војна немало повеќе од 80 години, а за Русија да постигне победа, нумеричкиот состав на нејзината армија треба да биде околу 5 милиони војници“, рече Громов, а пренесува украинската државна новинска агенција Укринформ.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли