Украинците ќе се обучуваат во Хрватска: Ќе го победиме чопорот руски убијци и силувачи

Од:

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер им се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерката за одбрана Марија Баножиќ откако Владата вчера во парламентот ја испрати одлуката за учество на Хрватска во мисијата за воена помош во Украина на одобрување.

„Владата на Република Хрватска ја одобри одлуката за обука на украинската армија во Хрватска. Модерна, добро обучена армија со моќни партнери сигурно ќе победи чопор руски убијци, разбојници и силувачи. Благодарност до Андреј Пленковиќ и Мари Баножиќ за поддршката“, напиша Резников на Твитер.

Учеството на Хрватска во мисијата за воена помош за Украина вклучува обука на украински војници во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков