Украина го отфрли моделот на неутралност по примерот на Австрија и Шведска

Од:

Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“.

– Украина сега е во војна со Русија. Затоа, моделот може да биде само „украински“ и да се заснова само врз правни гаранции за безбедност, изјави главниот украински преговарач Михаило Подољак во коментар објавен од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се разговара за австриски или шведски модел за Украина како демилитаризирана држава и тоа може да се смета за компромис.

Помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински истакна дека за време на разговорите, Киев предложил во Украина да се создаде австриска или шведска верзија на демилитаризирана држава – предлог што Москва го гледа како „извесен компромис“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина