Украина е на пат да му се приклучи на НАТО тврди Зеленски

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште ја гледа неговата земја на патот кон пристапување во НАТО, и покрај тоа што руската војна не покажува знаци на смирување по 13 месеци конфликт.

Оваа недела видовме добар правец на „придвижување кон НАТО“, преку нова воена помош од Запад и други изрази на меѓународна поддршка, рече Зеленски во својата дневна видео порака.

Зеленски се осврна на предлогот на Литванија да ја покани Украина да стане членка на НАТО на самитот на воената алијанса што ќе се одржи во Вилнус во јули, а потоа и се заблагодари на таа земја.

Парламентот на оваа балтичка земја одлучи оваа недела да побара Украина да биде поканета да се приклучи на Алијансата на самитот закажан за 11 и 12 јули.

Аспирацијата на Украина да се приклучи на НАТО честопати Кремљ ја наведува како една од причините за руската инвазија минатиот февруари.

Минатата година Зеленски се заложи за „забрзан“ пристап до НАТО, надевајќи се дека Украина ќе добие повластен третман. САД и другите членки на алијансата, како што е Германија, изразија резервираност за тоа, бидејќи еден од предусловите за влез е да не се вклучени во меѓународни конфликти.

Во својата порака, Зеленски повика на поддршка за земјите кои допрва треба јасно да се дистанцираат од Русија, велејќи дека Украинците се борат за универзални вредности кои се блиски до сите народи.

„Сите ја ценат безбедноста и заштитата од терор“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија се залага за „концентрациони логори, депортација на деца, силување жени и палење градови“.

Би можело да ве интересира

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков