Уго Чавес се уште има сериозни респираторни проблеми

Од:

Претседателот на Венецуела Уго Чавес се уште има белодробна инфекција која му го отежнува дишењето, додека заздравува од операцијата од рак извршена на 11 декември во една кубанска болница, соопшти денеска венецуелскиот министер за информации Ернесто Вијегас, цитиран од британските медиуми.

Според Вијегас, „командантот Чавес“ има компликации како последица на „острата белодробна инфекција“.

-Оваа инфекција предизвика респираторни проблеми, кои налагаат командантот Чавес стриктно да се приддржува кон медицинските процедури, се наведува во кратко соопштение прочитано од министерот, без да се даваат други детали.

Вијегас за француските медиуми изјави дека во странство се води „психолошка медиумска војна“ околу здравоствената состојба на претседателот, чија крајна цел е да се дестабилизира Венецуела.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски